Скопје

Линиите 22, 22А и 64А од петок до понеделник ќе сообраќаат по изменет режим

Од утре, петок, од 8 часот до понеделник до 6 часот, поради градежни зафати на дел од улицата Лука Геров во населба Даме Груев, возилата од линиите 22, 22А и 64А во тој реон ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, информираат од ЈСП Скопје.

Возилата од јавниот превоз во насока од Транспортен центар и Клинички центар до по надвозникот на улица Лука Геров ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица Лепенец, па лево по улица Шар Планина, па пак лево по улица Тиранска и од таму ќе се вклучат десно на улица Лука Геров од каде што ќе продолжуваат по своите редовни траси до Лепенец и Никиштани.

Во насока од Никиштани и Лепенец до крстосницата на улица Лука Геров со улица Тиранска ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат лево по улица Тиранска, па десно по улица Шар Планина, потоа десно по улица Лепенец и пред надвозникот ќе се вклучат лево на улица Лука Геров од каде што ќе продолжат по своите траси до Транспортен центар и Клинички центар, соопштија од ЈСП Скопје.

На почеток