Македонија

Мицкоски: Енергетската криза што е последица на криминалното работење на владата ќе ја покачи енормно цената на струјата

Енергетска криза веќе имаме, но проблемот е колку таа ќе удри на стандардот и колку ќе се зголеми цената на електричната енергија на струјата од први јануари, а јас очекувам прилипчно да се зголеми, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М.

Престедателот Мицкоски посочи дека енергетската криза е последица на криминалното работење на владата и ќе удри сериозно на стандардот на граѓаните.

На тие мои анализи очекувам прилично да се зголеми и сериозно да удри на стандардот на граѓаните. Денеска добив информација дека во периодот од 6ти до 12ти декември ЕЛЕМ увезува електрична енергија во вредност од 4 милиони евра. Знаете што е најтрагично, парите што ги дадоа 4 милијарди денари се сеќавате кои што ги најавија како помош 65 милиони евра ги потрошија во ноември. Ги потрошоија а они велеа дека со ова ќе ја надминат кризата. Не нема да ја надминете затоа што ги потрошија,а знаете како ги потрошија. ги потрошија 15 ипол милиони ипол милиони евра. Еве нека ме демантираат Регулаторна комисија и ЕЛЕМ ако не е точно, за добавувачи во РЕК Битола. Тие што требаше да копаат, не копаа, пишуваа фиктивни фактури и сега вие ги плаќате, вие граѓаните. Значи не донесоа струја, не донесоа ефтин гас, туку добавувачите тие куферчиња што носат, тие ги платија сега со 14 ипол мииони евра и сега ќе им треба до декември да ги платат тоа што краде МЕПСО струја од соседниот систем оператори за ноември, истакна Мицкоски.

На почеток