Скопје

(ФОТО) Еве како се празнат контејнерите во Ѓорче Петров

„Ќе испразнат еден-два контејнери од шест и ќе заминат, а ние ќе се труеме“, вака жител на Ѓорче Петров го коментира работењето на градското јавно претпријатие „Комунална хигиена“. Тој посочува дека комуналните работници не водат грижа за да ги испразнат сите контејнери, туку како што вели „ради реда“ празнат само дел од нив. Според него, не се исфрла ниту отпадот што е оставен околу контејнерите.

И ова не е прва поплака. Ѓорчепетровци испратија и фотографии на кои се гледа дека комуналните работници по празнењето на контејнерите, заминуваат. Но, дел од нив остануваат полни. Дури и оставениот отпад околу него, не е собран.

„Ѓорче Петров нема свое комунално претпријатие, зависиме од градското. Ова не е вака само сега, туку со години. Сме реагирале милион пати, ама залудно. Ќе се среди еднаш или двапати, потоа иста слика. Среќа па е зима, за да не смрди како што вообичано се случува поради високите температури. А плаќаме по 400-500 денари месечно за оваа услуга“, вели револтиран жител.

На почеток