Македонија

Малолетничка тешко повредена, во неа удрил автомобил

На 07.12.2021 во 06.55 часот на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, патничко возило „цитроен“, со винички регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(54) од Виница, удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Јавна здравствена установа Здравствен дом Виница. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Виница.

На почеток