Скопје

Да ги обновиме навиките за да бидеме достојни наследници на Климент Охридски, порача Стојкоски

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, упати честитка по повод денешниот празник „Свети Климент Охридски“.

„Свети Климент е основоположник на Охридската книжевна школа, чии ученици станаа учители на словенскиот свет. Една од неговите пораки е скриена во неговото име – Климент односно Clementia, што значи милост. Милост што ни е укажана како луѓе и милост што треба да им ја укажеме на другите луѓе, на нашите ближни, нашите соседи.
Само така ќе ги обновиме навиките на срцето што ни се неопходни за да можеме сите заедно да бидеме достојни наследници на нашиот голем учител Климент Охридски.
Нека ни е за многу години празникот и нека ни е вечен споменот за Свети Климент Охридски“, стои во објавата.

На почеток