Актуелно

Куманово – г. п. Белановце затворен за сообраќај

Патниот правец Куманово – г. п. Белановце, помеѓу с. Алашевце и с. Извор е затворен за сообраќај за сите видови на возила поради замрзнат пат, информираат од АМСМ.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На почеток