Скопје

Законот за амнестија испратен кај претседателот се чека неговиот потпис

Законот за амнестија е испратен од Собранието во Кабинетот на претседателот и го чека потписот од Ѓорге Иванов.

Откако Иванов ќе го потпише Законот се обкавува во Службен весник по што и официјално стапува во сила и оттогаш почнува да тече рокот од пет дена во кој обвинетите и осудените за „27 април” треба да поднесат барање за амнестија ако одлучат така или да се определат во судскиот процес да ја докажуваат својата невиност.

По тоа, Судот или Обвинителството имаат рок од пет дена да одлучат по барањата. Законот дозволува и жалба во второстепена постапка.
Од Владата порачуваат дека целта на законот е помирувањето.
„Поддржуваме акти со кои ќе се дефинира помирувањето, акти со кои јасно ќе се разграничи насилството и осмислувањето на насилството од 27ми.“ – изјави Миле Бошњаковски.

Од кабинетот на Иванов нема информација околу потпишувањето на Законот, но проценките се дека овојпат тој нема чека до недоглед како што беше во случајот со Законот за јазиците и Договорот од Преспа кои уште чекаат на неговиот потпис.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток