Свет

(ВИДЕО) Откриени страшни детали за убиството на две Европејки во Мароко

Тројца радикални исламисти убиле две туристки од Данска и Норвешка, во Мароко, така што ги избоделе со нож, додека на едната ѝ ја отсекле главата.

Данкињата Луиса Вестерагер (24) и Норвежанката Марен Уеланд (28) се убиени додека биле на кампување во Мароко. Локалните жители ги пронашле мртви. Едната била убиена во шатор, а другата надвор од него.

Жените пред исчезнувањето се видени во Маракеш заедно со три мажи со кои тргнале на планинарење.

Данските власти соопштиле дека овие убиства ги сметаат за терористички чин. Како што пренесува британскиот „Sun“, убијците викале: „Ова е одмазда за нашите браќа во Сирија“.

Утрово извор од полицијата изјавил дека осомничените се уапсени откако локалните медиуми ги објавија нивните фотографии. Станува збор за 33-годишен Р.А., 27-годишен А.Е. и 25-годишен О.А.

Наводно, постои снимка од тој ужасен настан, а скандинавските земји се обидуваат да проверат дали е оригинална.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток