Свет

Срби шверцувале дрога од Бразил во кикирики и пченица

Меѓународна банда на криумчари на кокаин од Бразил со месеци организирала транспорт на дрога во Велика Британија и Франција. Позади оваа банда најверојатно стои нарко бос од Србија.

Според информациите се претпоставува дека позади ова криумчарање на кокаин стојат Срби, а полицијата уште во април годинава започнала со тајана акција, за време на која запленила повеќе од еден тон кокаин.

„Целта на оваа нарко-банда бил транспорт на кокаин со бродови од Бразил, Сао Паоло до Англија и Франција. Полицијата во изминатите месеци запленила 450 килограми кокаин кој бил скриен во товарот со пченица, а на 29 октомври запленет е околу еден тон кокаин кој бил скриен помеѓу кутиите со кикирики“, велат медиумите.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток