Македонија

Бислимовски го објави поскапувањето на струјата

На прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика, Директорот Марко Бислимовски го објави поскапувањето на струјата, така што цената за домаќинствата се зголемува за 9,48 проценти и се укинува дневната евтина тарифа. Останува ноќната евтина тарифа и евтината тарифа во недела. Според него, ако не се укинела дневната евтина струја, тогаш поскапувањето ќе било 14,23 проценти.

„Ова е една од најтешките одлуки кои ги донела Регулаторната комисија од своето постоење. Барањата на компаниите до Регулаторна беа цената да се зголеми за околу 38 отсто. Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме трошоци и Владата презема обврска да им помогне на компаниите во наредниот период“, рече Бислимовски.

На почеток