Свет

Хан за германскиот весник за финансии Handelsblatt: Македонија ќе фати приклучок со Србија и Црна Гора

Јоханес Хан, комесарот за проширување на Европската унија, во последното интервјку за германскиот весник за финансии Handelsblatt вели дека Македонија може да фати приклучок со Србија и Црна Гора, кои на патот кон евроинтеграциите веќе добија датум за преговори и ги отвораат поглавјата.

Акцент на интервјуто со Еврокомесарот беше балканскиот регион, а тој забележува дека проширување на ЕУ мора да продолжи да биде со помош за овие земји од регионот и да ги поддржи во економски раст и зајакнувањето на владеењето на правото.

„Во Западен Балкан земјите се уште се кревки и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирно стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат во Унијата не можам да дадам точен година. Во однос на исполнувањето на условите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но по решавањето на спорот со Грција, Македонија има добри шанси да се движи напред“, рече Хан на едно од прашањата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток