Австралија во живо ќе го пренесува судењето на Ѓоковиќ
Случајот со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, со денови е најголема спортска тема во светот, кој толку многу ја заинтригира јавноста што вечерва ќе може во живо да се следи неговото рочиште пред австралискиот федерален суд.
Судењето почнува во 10 часот наутро по локално време, а по наше вечерва точно на полноќ. Австралиските власти објавија и линк на кој ќе може да се следи преносот.
Ѓоковиќ останува во притвор во прифатниот центар за мигранти во Мелбурн бидејќи Австралијците не му дозволија судењето да го чека во приватно сместување со пристап до тениско игралиште, за да може да тренира во случај да му биде дозволен влез во земјата, дури ни со специјално обезбедување кое ќе го следи секој негов чекор.
Судот ќе одлучи дали тенисерот ќе добие виза за влез во Австралија, каде што треба да ја лови својата 10. титула на Австралија опен и 21. на Гренд слем турнирите. Првично визата му беше одбиена со образложение дека приложил соодветни докази во однос на медицинското изземање кои би го оправдале неговиот влез во земјата иако не е вакциниран.