Коментари

Доктори гневни откако добиле казни од ФЗО: Срам да ви е глувци канцелариски!

Матични доктори добиле парични казни од Фондот за здравствено осигурување бидејќи издале рецепти на пациенти кои имале извештај од специјалист постар од шест месеци. Докторот Ненад Лазаров на социјалните мрежи, одговорните лица од ФЗО ги нарече „глувци канцелариски“.

„На цела мака, ФЗО празнично не испореди со парични казни дури и ретроградно и за 2019 година, за лекови издадени на пациенти кои имале извештај од специјалист постар од 6 месеци и слични небулози и баналии. Истите треба да се платат во рок од 15 дена иако ФЗО ни должи пари за Ноември! Никаква помош цела криза, ова ги прелева чашите, меѓу другото и затоа ќе гледате како затвораме ординации во наредниот период! Срам да ви е глувци канцелариски, уште не повикувате на телефон да дојдеме да си потпишеме “капитулација” т.н. договорна казна, зошто ви е страв од канцеларија да искочите“, вели Лазаров.

To Top