Николоски: Доколку ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз ја поддржат владата или се уценети или се длабоко влезени во криминалот
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање на што се должи заострената реторика кон ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз рече дека не смета дека е заострената реторика, туку реална, бидејќи овие коалициски партнери како што ги нарече приврзоци на владата на СДСМ седат во влада во која што царува криминалот.
Јас не мислам дека е заострена реториката, напротив мислам дека е реална реторика. Да седат како приврзоци во влада во која што царува криминалот и економската неспособност, покажува само дека имаат други интереси. Дали ДОМ е зелена партија, а Македонија е почиста, одговорот е апсолутно не. Демократскиот сојуз е партија која се промовира како партија за борба со криминалот и корупцијата, дали Македонија е подобро или полошо рангирана на Транспаренси интернешанал, секако е дека е полошо рангирана, а криминалот се гледа секојдневно, како што кажав кокаинот царува по македонските улици, вели Николоски.
Дали во РЕК Битола нема рекет од каде што доаѓа претседателот на ЛДП, има рекет и тој го гледа тоа секојдневно, но ќути и премолчува затоа што очигледно или овие ликови се уценети или и тие се длабоко влезени во криминал или можеби и двете. И ќе бидат избришани на следните избори затоа што граѓаните тоа го гледаат, изјави тој.
Николоски ги повика да го демантираат со тоа што на следната седница во собранието кога ќе се гласа за избор на нова влада, да гласаат против и веднаш да се оди на предвремени парламентарни изброи.
Кога ќе биде закажана седницата за избор на влада, имаат шанса да го демантираат сето ова што го кажав, нека гласаат против изборот на оваа влада, владата нема да биде избрана и веднаш нека одиме на предвремени парламентарни избори, повика Николоски.