Барал да му ги врати парите, па наместо тоа бил претепан
Од
Објавено на
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.М.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство“. На 01.08.2021 во Гостивар, оштетениот А.И.(39) од с.Мердита, гостиварско, отишол кај пријавениот за да му побара да му го врати долгот од 2.000 евра за претходно извршени градежни работи. По кратка расправија Ф.М. физички го нападнал А.И., предизвикувајќи му тешки телесни повреди.