Свет

Словенија до 2033 година ќе престане со производство на електрична енергија од јаглен

Словенија ќе го прекине производството на електрична енергија од јаглен најдоцна до 2033 година, соопшти денеска словенечката влада.

Вакво решение е предвидено со усвоената Национална стратегија за ископ и реструктуирање на јаглен на двете провинции во кои се уште работат активни рудници за јаглен како значајна економска дејност, пренесува Хина.

Донесувањето на стратегијата значи дека споменатите региони можат да почнат да ги користат средствата од фондот за енергетска трансформација во чии рамки Словенија ќе добие речиси 250 милиони евра, велат од Владата.

Словенија обезбедува една третина од производството на електрична енергија од термоелектраната Шоштањ, која користи јаглен за производство на електрична енергија, додека останатите две третини најмногу ги обезбедуваат хидроцентралите и нуклеарната централа Кршко.

To Top