Свет

Воз излета од шините, најмалку пет загинати, а над 45 повредени

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 45 се повредени кога патнички воз излета од шините во индиската држава Западен Бенгал, соопштија денеска официјални лица.

Според агенцијата АП, 12 вагони од патничкиот воз излетале од шините, а три се превртеле.

На сликите од местото на несреќата се гледаат патници кои се заглавени, додека спасувачите се обидуваат да ги извлечат.

Сите повредени патници се во болница, изјави високиот полициски службеник Дебарши Дута.

Високиот функционер на железницата Гунет Каур изјави дека се истражуваат причините за несреќата.

Каур рече дека владата ќе обезбеди финансиска компензација на семејствата на загинатите и сите повредени, според АП.

To Top