Свет

Стотици училишта евакуирани поради закани за бомби во Русија

Бројни училишта во Русија денеска добија закани за бомби, а стотици се евакуирани само во сибирскиот град Краснојарск, јави московското радио „Ехо“.

По заканите кои пристигнале по електронска пошта, наставата била прекината и во други градови, како Самара и Ставропол, пренесува хрватски „Индекс“.

Стотици училишта се евакуирани низ целата земја, јави радиото. Според пријавата, во претресите не било пронајдено ништо сомнително.

Надлежните не го знаат мотивот за овој случај.

To Top