Македонија

Спроведена полициска акција: Двајца скопјани со ножеви се обиделе да ограбат бензиска пумпа

Денеска (14.01.2022) во 05.20 часот со заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на с.Катланово се лишени од слобода М.М.(22) и К.Р.(25), двајцата од Скопје. Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат с.Ржаничино – с.Катланово со закана со нож од вработените одзеле чанта со дневен промет. Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело. Тие се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

To Top