„Граѓаните кои гласаа против договорот и оние кои oдбраа да апстинираат, ја испратија најгласната порака, ова е Македонија.
Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите предци биле Македонци“, кажа Мицкоски заблагодарувајќи се на граѓаните.
