Магазин

Јована и Жељко Јоксимовиќ позитивни на коронавирус

Јована и Жељко Јоксимовиќ се позитивни на коронавирус. Според изворот, парот е во изолација, која наскоро ќе истече, а двајцата постепено закрепнуваат.

Жељко пред неколку дена го откажа дочекот на српската нова година, која беше закажана за 13 јануари на шеталиштето Сава.

– Наша желба беше на граѓаните на Белград и на гостите на градот да им подариме новогодишна ноќ која ќе ја паметат, но со оглед на епидемиолошката состојба решивме да го одложиме овој концерт. Здравјето и безбедноста на посетителите се наш приоритет број еден, а бесплатен концерт на Жељко Јоксимовиќ ќе се одржи кога тоа ќе го дозволи здравствената состојба“, изјави Зорана Бурлиќ, директорка на Београдски Вотерфронт.

To Top