Македонија

Не само утре, туку до крај на грејната сезона ќе има парно, тврди Бектеши, а ЕСМ ќе управува со БЕГ

Крешник Бектеши, министерот за економија тврди дека преку уредба на Владата, скопјани ќе имаат и во идните денови топлинска енергија. Тоа значи дека Владата ќе помогне. БЕГ го прифатиле апелот од РКЕ и Владата за да продолжат со непречена испорака на топлинска енергија, па нема да и се одземат лиценците. Според Марко Беслимовски, БЕГ ветиле и подобрување. Државата, преку ЕСМ, ќе влезе во управувањето со БЕГ за граѓаните да бидат сигурни дека ќе има топлинска енергија.

„Не само утре, туку до крајот на грејната сезона ќе има парно“, рече Бектеши.

Беслимовски е лут на експертите, кои реагираа дека може да се очекува големо покачување на парното поради покачувањето на цената на гасот.

„Во изминатиот период имаше најризични очекувања и најави дека ќе се случи апокалипса со топлинската енергија. Кризата со која се соочува со Европа ќе заврши со едноставно поскапување од 14 проценти. Во наредниот период ќе има одлука со која ќе се определи реална цена на топлинската цена, а разликата со постоечката цена, ќе се надокнади од Владата“, рече Беслимовски.

To Top