Магазин

Пoчина Жан Жак Бенекс

Познатиот француски режисер Жан-Жак Бенекс почина на 75-годишна возраст, по долго боледување, објавија денеска француските медиуми.

Бенекс почина вчера во својот дом во Париз, објави Франсинфо.

Бенекс се прослави со својот прв филм „Дива“, од 1980 година, а светската слава ја стекна со филмот „Бети Блу“ од 1986 година, во кој глумат Жан Иг Англад и Беатрис Дал.

Францускиот режисер во 2020 година го објави својот прв роман „Тобоган“, дело за детството, минувањето на времето и осаменоста, а потоа рече дека се повлекол од филмот, но дека не престанал да создава.

To Top