Актуелно

(ВИДЕО) Баба стана хит на интернет откако го погреши редот: Каква игра, тука сум за вакцина

Баба од Шпанија, стана хит на интернет, откако на прашањето дали е возбудена поради натпреварот Картагена-Валенсија, рече дека дошла таму за да ја прими вакцината.

Како што подоцна се испостави, таа со часови чекала во ред со намера да се вакцинира

„Претпоставувам дека сте тука да купите билети за овој голем натпревар“, ја праша старицата од репортер на ТВ „Депортес ен Ла 7“, а таа одговори:

„Не, тука сум за вакцината против коронавирус“, рекла бабата, која набрзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

To Top