Свет

(ВИДЕО) Цунами го погоди Тонго, еруптираше подводен вулкан во Пацификот

Пацифичката држава Тонго беше зафатена од цунами по вулканска ерупција на дното на Тихиот Океан.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како огромни бранови удираат на брегот, а луѓето се обидуваат да побегнат од водената стихија.

Некои жители на Тонго беа погодени од цунами додека присуствуваа на миса во црквата каде што останаа заробени.

Бранови високи околу 1,5 метри се регистрирани во водите на Тихиот Океан во близина на Апија, во САД, соопшти американскиот Тихиоокеански центар за предупредување од цунами.

Метеоролошката служба на Тонго соопшти дека предупредувањето за цунами е на сила за целиот остров, пишува Курир.

Предупредувањето за цунами беше дадено и од Националната служба за вонредни состојби на Нов Зеланд, како и од американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот.

To Top