Магазин

Карлеуша повторно се огласи по пријавата на Душко Тошиќ

Пејачката Јелена Карлеуша со денови е во центарот на вниманието на јавноста откако на 7 јануари го пријави сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство, а сега се огласи и на својот Инстаграм.

„Понекогаш единственото место каде што сум била среќна во животот е сцената“, напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил.

Да потсетиме, Душко Тошиќ, кога неговата сопруга Јелена Калеуша пријави за семејно насилство, наводно во полиција изјавил дека неговата сопруга намерно прави „афера“ за да му наштети бидејќи нивниот брак бил во криза.

To Top