Магазин

Телефонот на Болдвин предаден на полицијата поради истрага за убиството

Американскиот актер Алек Болдвин (63) им го предал мобилниот телефон на истражителите на убиството што се случи на крајот на октомври 2021 година на снимањето на филмот „Рѓа“ во Мексико.

Иако полицијата на почетокот на неделава објави дека Болдвин не соработува во истрагата, шефот на њујоршката полиција синоќа потврди дека актерот го донел мобилниот телефон во полициската станица во близина на неговата резиденција, пренесува Ројтерс.

Во извештајот на Би-Би-Си се наведува дека истражителите планираат да ги проверат е-поштата, СМС и гласовните пораки поврзани со убиството што се случи на 21 октомври 2021 година, за време на снимањето, кога директорката на фотографија Халина Хачинс беше убиена од прострелна рана, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

– Нема да најдат ништо на нивните мобилни телефони. Нема одговори на овој уред. Алек не направи ништо лошо – изјави неговиот адвокат Арон Даер.

To Top