Коронавирус

Словенија со нови правила за оние кои влегуваат во земјата

Патниците кои одеа во карантин по влегувањето во Словенија, веќе нема да можат да го скратат карантинот со ПЦР тест, според новите правила што синоќа ги усвои словенечката влада, а кои стапуваат на сила во понеделник.

Одлуката е донесена по намалувањето на карантинот од десет на седум дена оваа недела, соопшти канцеларијата за комуникации на словенечката влада, пренесува СТА.

За да се избегне карантин при влез во земјата, патниците мора да имаат валидна пропусница за ковид со која се докажува вакцинацијата или потврда дека се опоравиле од ковид-19 или имале негативен ПЦР тест во последните 48 часа или брз антиген тест во последните 24 часа.

To Top