Свет

Авионска несреќа во Сибир, две лица тешко повредени

Две лица се во критична состојба поради пад на мал авион во близина на локалниот аеродром во регионот Алтај, во југозападен Сибир, соопшти регионалното министерство за здравство.

Во извештајот на ТАС С се наведува дека еднолице е на респиратор на одделението за интензивна нега и е во критична состојба, додека другата жртва е ставена во вештачки предизвикана кома.

Властите покренаа истрага за падот на овој авион кој вчера наутро се урна во регионот Алтај во Сибир.

To Top