Коронавирус

Околу 60 отсто од возрасната популација е ревакцинирана во Црна Гора

Во Црна Гора 62,5 отсто од возрасната популација e вакцинирана со прва доза на вакцина против коронавирус, а околу 60 отсто се ревакцинирани, објави црногорската влада.

Првата доза од вакцината ја примиле 285.593 лица, а втората 275.641 лица или 44,5 отсто од вкупното население. Третата доза ја примиле 84.350 луѓе.

Масовната вакцинација против Ковид 19 во Црна Гора започна на 4 мај минатата година.

To Top