Свет

(ВИДЕО) Путин се согласи на интервју со слепо девојче

По традиционалната голема годишна конференција за медиумите што се одржа вчера во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ѝ ја исполни желбата на седумнаесетгодишната девојка Регина Парпиева која мечтае да стане новинар и ѝ даде дваесетминутно интервју.

Путин, меѓу другото, искрено одговори на прашањата за своето детство и желбите за Нова година. По завршеното интервју, откако си разменија подароци, таа посака и првпат во животот да го „види“ претседателот, па го замоли Путин да му го опипа лицето. Путин се согласи, а Регина, откако со раката помина по неговото лице и главата, му рече „Вие сте многу убав и многу добар“, пишува Руска реч.

„Многу ви благодарам, многу ми е мило што го слушам тоа“, одговори Путин.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток