Македонија

Условни осуди и затворски казни до една година добиваат возачите што биле прогласени за виновни дека одзеле живот на улиците

Возачите што биле прогласени за виновни дека одзеле живот на улиците и на патиштата најчесто добиваат условни осуди или затворски казни до една година. Толку се казнуваат невниманието, брзото возење, наглите свртувања, пресекувањето на патот и другото ризично однесување поради кое некој загинал, пишуваше БИРН во 2018 година.

Малку потешко, со казни затвор до две години, поминуваат оние што возат пребрзо и под дејство на алкохол, или што не застануваат да му укажат помош на оној што го удриле. Исклучително ретки се случаите кога изречените казни биле над две години затвор. Законски за ова кривично дело следува затвор од една до пет години

Судовите во Македонија, во изминатите 12 месеци (дел од 2017 и 2018 година) изрекле вкупно 48 пресуди за тешки кривични дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици. Ова го покажаа резултатите од пребарувањето низ судската архива за одлуки по членот 300 став 4 од Кривичниот законик. Четири биле ослободителни, 15 условни, пет биле затворски до шест месеци, 11 до една година, 11 до две години, а во две пресуди на виновниците им била изречена затворска казна од над две години.

Целото истражување

На почеток