Актуелно

Кога ќе се укинат ковид сертификатите

Во земјава засега е рано да се укинат ковид сертификатите.

Министерот за здравство Беким Сали во интервју за Сител попладнево изјави дека сѐ уште е рано да се размислува за укинување. Објасни дека нивото на имунизацијата на популацијата е многу помала од земјите што ги укинуваат овие мерки.

Комисијата за заразни болести денес имаше вонредена седница, но на состанокот не станало збор за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со започнувањето на второто полугодие од учебната година. Оттаму велат дека за овие прашања ќе се разговара дополнително на некои од наредните состаноци.

На почеток