Македонија

Младите се по кафулиња, а 20% од нив се вакцинирани, вели Беќаровски

Д-р Нико Беќаровски во денешното гостување на емисијата „Топ тема“ изјави дека ковид-сертификатите треба да се укинат, затоа што, „секој има пропусница, а ретко кој е контролиран“.

– Младите сите ни се по кафулиња, а ретко кој е контролиран, а само 20% од нив се вакцинирани. Сертификатот ја изгуби секоја смисла, барем за домашна употреба треба да се тргне – вели Беќаровски.

На почеток