Македонија

Мицкоски со денови не кажува што зборувал со Петков, му ги поставил ли прашањата што им ги нарачуваше на новинарите?, прашува СДСМ

„Мицкоски со денови не кажува што зборувал со Петков, му ги поставил ли прашањата што им ги нарачуваше на новинарите? Христијан Мицкоски со денови молчи и не кажува што зборувал на средбата на бугарскиот премиер Кирил Петков. Мицкоски молчи и не одговара дали прашањата што ги нарачуваше од новинарите, му ги поставил директно на Петков?Дали Мицкоски крие што зборувал, затоа што не ги поставил тие прашања до Петков, затоа што е силен само пред камери, едно зборува пред јавноста а друго на затворени средби?“, прашува СДСМ.

„Граѓаните видоа и претходно на средба на Мицкоски со Бојко Борисов дека тој ги менува ставовите кога се среќава со официјални претставници. Дали така било и на средбата со Петков, треба да каже самиот Мицкоски“, додаваат тие.

На почеток