Актуелно

Ѓорче се чисти од депонии, градоначалникот Стојкоски е дециден што ќе биде со општината

Се чистат три нови депонии во Ѓорче Петров, откако градоначалникот Александар Стојкоски, по неговото доаѓање на функцијата за краток период ја расчисти најголемата која се наоѓаше во Ново село. Во координација со Град Скопје, механизацијата е веќе на терен, а отпадот расфрлан кај индустриската зона на Шарпланинска, се собира

Продолжуваме со реализација на расчистување на дивите депонии на повеќе локации во општината со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија. Расчистуваме во делот на индустриската зона на Шарпланинска, по што ќе продолжиме и на депонијата во Орман и во Хром на кејот на реката Вардар. Ѓорче станува чиста општина“, посочи Александар Стојкоски.

Инаку, за помалку од две недели, Ѓорче Петров во координација со градските власти успеа да ја расчисти големата депонија во Ново село. Сите депонии, се потенцијална опасност за здравјето на населението, но и жителите на Скопје.

На почеток