Актуелно

Менче Точи заминува во Фонд за здравствено осигурување

Новинарката Менче Точи денеска соопшти дека преминува на ново работно место – раководител на секторот за односи со јавност во Фондот за здравствено осигурување

„Драги пријатели и непријатели. Сакав да ви соопштам нешто јавно, кога ќе дојдеше момент. Но, бидејќи почнаа да сатанизираат на Твитер, на официјален документ на Агенција за администрација, ве известувам: По многу години поминати во новинарството, по многу труд, непроспиени ноќи, работење и за празник и делник, безброј истражувања, добиени највисоки награди, вклучувајќи ја и таа за Животно дело, можеби е време моето знаење и искуство да го насочам на друго место каде ќе бидам од помош, кон институција која е клучна за осигурениците и лекарите- Фонд за здравствено осигурување“, напиша таа на Фејсбук.

На почеток