Коронавирус

Енормен број на починати и 1908 граѓани се заболеа од коронавирусот

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.834 тестови, а регистрирани се 1.908 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 972, Кавадарци – 112, Куманово – 111, Битола – 105, Велес – 62, Тетово – 58, Прилеп – 54, Неготино – 46, Струмица – 45, Охрид – 43, Гостивар – 34, Гевгелија – 30, Штип – 27, Кичево и Кочани – по 24, Радовиш – 22, Ресен – 21, Валандово – 17, Крива Паланка – 16, Струга – 15, Свети Николе – 12, Берово и Богданци – по 10, Делчево – 9, Виница – 5, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 3, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Дојран – 1 .

Од вкупниот број на позитивни (1.908), регистрирани се 254 реинфекции.

Регистрирани сe 1.129 оздравени пациенти од: Скопје – 77, Битола – 61, Прилеп – 52, Куманово – 30, Охрид – 26, Кочани – 23, Тетово – 18, Неготино и Гостивар – по 17, Струмица – 16, Кавадарци и Гевгелија – по 14, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 12, Струга и Делчево – по 10, Велес и Штип – по 9, Виница ,Кратово и Крушево – по 8, Радовиш и Македонска Каменица – по 7, Берово – 4, Богданци , Македонски Брод и Демир Хисар – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Валандово, Свети Николе , Дебар , Пробиштип и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 5 починати лица од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г), по 2 починати од Битола (74г и 85г), Велес (68г и 93г), Куманово ( 78г и 82г ) и Свети Николе ( 52г и 78г) и по едно починато лице од Кавадарци (57г), Кичево (65г), Македонски Брод (60г), Неготино (73г), Охрид (65г), Прилеп (82г), Радовиш (81г), Ресен (63г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови..

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени
се 4 починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г. Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022г. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 5.834 тестови преку: ИЈЗ-636, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-105, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-160, Авицена-214, Биотек-263, Систина-117, лабораторија Лаор-137, Синлаб-45, Ремедика-13, Плодност-72, Генеа-27, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-100, Ели Медика-43, Ројал Медика–27, Спектра-ММ-45, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–16, Рамус-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.609.

Досега во земјата се направени вкупно 1.773.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а бројот на активни случаи изнесува 17.182.

На почеток