Актуелно

Блокирана страницата на ОМО Илинден

Страницата на ОМО Илинден на Фејсбук била блокирана за време на средбата на Македонците од Бугарија со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Фејсбук-страницата на ОМО Илинден била блокирана речиси истовремено со средбата на претставниците на оваа организација и на неколкуте други здруженија на Македонците од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски, потврди Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за „Нова Македонија“. Тој објасни дека блокадата била под чудното и лажно обвинение за „спам“ (испраќање речиси идентични небарани пораки до голем број корисници).

На почеток