Коронавирус

Во последните 24 часа регистрирани 246 реинфекции со ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 890, Битола – 104, Кавадарци – 95, Куманово – 81, Тетово – 68, Прилеп и Струмица – по 60, Гостивар – 45, Неготино – 42, Велес – 40, Радовиш – 36, Штип и Гевгелија – по 32, Охрид – 31, Кичево и Кочани – по 29, Ресен – 22, Струга и Делчево – по 21, Крива Паланка – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Валандово – 13, Македоснки Брод – 7, Пробиштип и Кратово – по 6, Виница – 4, Берово, Крушево и Македонска Каменица  – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции.

На почеток