На 23.12.2018 година во 03,20 часот во Полициската станица Тетово, А.И. (24) и А.С. (22) од Тетово пријавиле дека околу 03 часот, откако излегле од дискотека лоцирана на ул.„Маршал Тито“ се упатиле кон нивните возила кои биле паркирани на истата улица.
Пред нивните возила било паркирано друго возило, од кое не можеле да заминат. По кратко време дошол И.И. (39) од с.Мала Речица и почнале расправија околу паркирањето. И.И. им се заканил со пиштол.
По преземени мерки, И.И. е лишен од слобода. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.