Македонија

ОЈО Струга гони три лица за трговија со дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничените на ден 22.12.2018 година околу 1.40 часот како соизвршители неовластено заради продажба пренесувале шеесет и девет килограми и триста и десет грама дрога – марихуана. Дрогата претходно ја спакувале во црни најлонски ќеси и ја пренесувале на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на с. Франгово. При што биле откриени и приведени од страна на овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи.

Надлежниот обвинител ценеше дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, поради што до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за тројцата осомничени.​

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток