Коментари

„Министерот за здравство наместо со попови и оџи, нека да дојде да види дека здравството е пред колапс“, нема термини за ехо и мамографии

Докторот ненад Лазаров објави фотографија од системот „Мој термин“ каде се гледа дека нема слободни термини за правење мамографија во скопските болници. Тој смета дека здравството е пред колапс, а министерот за здравство, Беким Сали, треба да превземе нешто наместо да се фотографира со попови и оџи.

„Министерот за здравство место со попови и оџи, делегации и амбасадори, нека дојде да види примарното здравство како е пред колапс. Џабе се кампањи за превенција кога базични прегледи за суспектни пациенти и скрининзи се суспендирани. Нема мамграфија, ехо на дојка, ехо на простата, срамота“, пишува доктор Ненад Лазаров.

На почеток