„Ние за една Евровизија не знаеме да го цениме сопствениот глас, па треба странци да ни одлучуваат кој ќе оди“, реагира јавноста
Во текот на изминатата недела граѓаните има можност онлајн да гласаат за песна што ќе учествува во изборот за песна на „Евровизија 2022“, што годинава ќе се одржи во Торино, Италија.
Од МРТВ информираа дека победникот ќе биде избран врз основа на резултатите на онлајн гласањето, но и од гласањето на меѓународното стручно жири, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).
Пејачката Андреа Коевска освои идентичен број гласови со Виктор Апостоловски и двајцата имаа по 20 поени. Според правилата на МРТ во случај на изнедначено, победник е оној кој има добиено повеќе поени од жирито. Во меѓународното жири гласаа Израел, Грузија, Исланд, Малта и Ерменија.
Овој настан предизвика лавина реакции на социјалните мрежи каде велат дека како и за секоја работа, така и овој пат странци ни го избраа евровизискиот претставник. Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи
Чекај сеа, народот го избрал Супермен за на Евровизија со 12.000 гласа, а они ја пуштиле Андреа со гласови на СТРАНСКО жири од 5 члена?
Циркуси !! 🤡
Па што организирале гласање онда?
Прават мајмуни од народот
🙈🙉🙊— Кафеџика☕ (@Kafedzikata) February 5, 2022
Виктор со Супермен добил највеќе гласови од публиката, дури 12621 глас наспроти 4600 на Андреа која со одлука на жири ќе не претставува на Евровизија ?!?
Добро бе Македонче, па имаш ли ти граница на глупоста, доста со самодеструкција бе, дај вмро да ги вратиме потези упм …— Аleksandar (@juvesnake) February 5, 2022
Ние за една мочана Евровизија не знаеме да си го цениме сопствениот глас, па треба странци да ни одлучуваат кој ќе оди на таа манифестација, па треба да очекуваме да си го заштитиме идентитетот и државава. Како да не бееее
— Nikola (@Nikola07430970) February 5, 2022
Да се поништи одлуката за претставник на Евровизија!
— BISMARCK (@fonscpricn) February 5, 2022
Народот се гласаше за Виктор да оди на Евровизија, америчката амбасада одлучи да оди Андреа…
В
— Стормрејџ (@Strastniot) February 5, 2022
ние сме до таму отидени, што дури и песната за евровизија ни ја бираат странци.
— Bisera (@zamislena) February 5, 2022
И како оваа Андреа ја избраа да оди на Евровизија? Правда за Виктор!!! Ебем ти намештаљки https://t.co/Z2yYZX3dA0
— Бокан☆ (@BoKan1429) February 5, 2022
Не гласав за Виктор, ни за оваа што прави неубај фаци кога пее, ама фер беше да оди тој за кого гласаше народот. pic.twitter.com/pulsrvkUXm
— Алиша Кис од најубајо град (@aliciakeysfromb) February 5, 2022
Го пуштија народот да гласа, па си одлучија они кој да оди на Евровизија. Типично фиромски 🙂
— ДиДи (@VorrennN) February 5, 2022
Мораше со далавери во МТВ да ја пуштите Андреа, еден избор за на Евровизија не знајте валиден да го напрајте, кузнај шо прајте во ДИК за локални и парламентарни избори😒
— Konzulka (@Konzulka) February 5, 2022
Најлошата песна од сите и избрана од жири комисика ќе не претставува на Евровизија, наместо песната Супермен која беше избрана од народот! https://t.co/r075T98npx
— BISMARCK (@fonscpricn) February 5, 2022
На евровизија значи пак не оди он кој го сака народот
— versace (@angelkov1) February 5, 2022
Како други земји да гласаат за избор на наш преставник на Евровизија?
— Кашлиц (@KashlicOfficial) February 5, 2022