Свет

(ВИДЕО)Тензично во Бања Лука, на улиците антивладини протести

Полицијата на Република Српска интервенираше против демонстрантите кои на улица бараа разјаснување на убиството на момчето Давид Драгичевиќ. Неговиот татко вечерта ја мина во притвор, откако тој побара вистината за смртта на неговиот син и со тоа предизвика неколку месечни протести против властите. Давор ги обвинува највисоките полициски службеници за прикривање на убиството на неговиот син Давид.

Адвокатите на Драгичевиќ велат дека тој бил повреден за време на апсењето, но полицијата го негираше тоа.

Демонстрациите во Бања Лука продолжија во текот на целата ноќ, а полицијата опремена за немири беше распоредена со цел да ги спречи и задржи демонстрантите. Имло и блиски средби меѓу демонстрантите и полицијата која соопшти дека еден нејзин припадник бил повреден.
Движењето на Драгичевиќ „Правда за Давид“ бара информации за смртта на неговиот 21-годишен син Давид Драгичевиќ во март годинава.

22 годишниот Давор Драгичевиќ, исчезна во март, а по 6 дена беше пронајден мртов во реката карј Бања Лука. Семејството е убедено дека е убиен и бара правда за него.

Полицијата првично соопшти дека е самоубиство, но семејството на момчето и некои активисти инсистираат на тоа дека тој бил убиен.
Властите ги негираат обвинувањата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток