Свет

(ВИДЕО) Во Италија изрешетен заштитен сведок

Непознати лица го убија братот на крунскиот сведок против мафијата , иако бил под посебна полициска заштита, објави италијанската новинска агенција Ansa.

Сторителите на убиството испукале во 51-годишникот најмалку 20 куршуми, додека го паркирал својот автомобил во гаражата на јадранскито крајбрежен град Песара.

Случајот предизвика гневни реакции на јавнсота, бидејќи мажот бил под специјална програма за заштита на сведоците на Министерството за внатрешни работи. Жртвата, според локалните медиуми, е брат на припадник на озлогласената мафијашка организација ’Ндрагета, која се смета за една од најраширените и најбруталните во моментов во светот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток