Најмалку две лица го загубија животот во тајфунот кој утрово го погоди Токио.
Тајфунот „Тами“ вчера вечер ги погоди западните делови на Јапонија, а метеоролозите предупредуваат дека на островот Хокаидо се можни обилни врнежи пропратени со силен ветер.
Јапонските медиуми јавуваат дека двајца го загубиле животот, а околу 130 се повредени. Двајца се водат како исчезнати, а околу 400.000 домаќинства се без струја.
Голем број луѓе чекаат на железничките станици, а дел од нив се затворени. Откажани се повеќе од 230 летови, најголем дел од нив во северните краеви на Јапонија.
