Свет

Зеленски: Русија ќе го земе Киев само ако го срамни со земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот последен говор рече дека идните мировни преговори со Русија би можеле да се одржат во Ерусалим. Тој исто така рече дека НАТО нема храброст да реагира на инвазијата на Путин.

Тој додаде дека Русија може да го земе Киев само ако „го срамни со земјата“, пишува Sky News.

„Почнавме да преговараме за конкретни теми“
Зеленски изјави дека рускиот и украинскиот преговарачки тим наместо да разменуваат ултиматуми, почнале да разговараат за конкретни теми. Сепак, тој рече дека Западот досега не бил доволно вклучен во преговорите.

Тој потврди дека околу 1.300 украински војници се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина и дека до 600 Руси се предале во петокот. Тој, исто така, рече дека досега се убиени околу 12.000 руски војници.

Соединетите Американски Држави процениле во четвртокот дека меѓу 5.000 и 6.000 руски војници биле убиени во инвазијата на Украина, а Русија признава дека загубила само 500 војници.

На почеток