Свет

ФОТО Ова е нова британска мапа на руски напади

Британското Министерство за одбрана објави нова мапа на руски напади и напредок.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 март, убиени се околу 1.300 украински војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Досега се убиени околу 1.300 наши војници и повеќе од 12.000 војници од Русија“, изјави Зеленски за странските новинари.

Украина засега не објави податоци за сопствените жртви, но го објави билансот на загинатите од непријателската страна.

Соединетите Држави процениле во четвртокот дека меѓу 5.000 и 6.000 руски војници биле убиени во инвазијата на Украина, а Русија признава дека загубила само 500 војници.

На почеток