Зеленски им се заблагодари на Мила Кунис и Ештон Качер за помошта
Мила Кунис и Ештон Качер разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се заблагодари за собраните пари.
– Ештон Качер и Мила Кунис, која е родена во Чернихив, беа меѓу првите јавни личности кои решија да ни помогнат. Тие веќе собраа 35 милиони долари и ги испраќаат парите до Flexport и Airbnb за да им помогнат на украинските бегалци. Благодарен сум за нивната поддршка и импресиониран од нивната решителност. Тие го инспирираат светот – напиша Зеленски на Твитер.
Ештон Кутчер @aplusk і Міла Куніс одними з перших відгукнулися на наше горе. Вони вже зібрали $35 млн і спрямовують їх @flexport і @Airbnb для допомоги біженцям з 🇺🇦. Особисто подякував їм за підтримку. Вражений їхньою рішучістю. Вони надихають світ. #StandWithUkraine pic.twitter.com/Z8KnOFtPtn
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 20, 2022